ФОТО: Наместо да прави свадба, замина во смрт - Момче загина на ергенската вечер, трагедија го потресе регионот

 

Стефанос Кемос, 30-годишно момче од градот Трикала во Грција, се удави за време на својата ергенска вечер во Лефкада, па наместо да го чека најсреќниот момент во животот, замина во смрт, а трагедијата го потресе регионот.

Трагедијата се случи на 25. Мај кога момчето кое славело со пријателите, се удавило во морето. Несреќата се случила попладне, кога отишол да плива во морето, и покрај тоа што дувало ветер и имало бранови, а за жал се удавил скоро веднаш откако влегол во вода. 

Свадбата на  Стефаннос била закажана за во месец јуни.

Плажата Катизма е една од најпознатите во Лефкада и е често посетувана од туристи од Балканот, но позната е по силни ветрови. Во 2023 година, 50-годишен турист се удавил во морето, додека неговата сопруга била спасена во последен момент. 

 

28.05.2025 - 08:35

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега