ФОТО: Миа Костова ја објави својата неверојатна шестмесечна трансформација
Инфлуенсерката Миа Костова доцна вечерва на социјалната мрежа „Инстаграм“ објави фотографија од нејзината шестмесечна трансформација во областа на фитнесот.
Екс водителката се охрабри, па покажа каков напредок имала за временски период од шест месеци, со голема посветеност на нејзината трансформација на губење на вишокот килограми.
„Мислев дека сликава нема да ја извадам никогаш, ама од ова десно до ова лево требаат 6 месеци, лесно брзо и едноставно, ждерење и откажување од себе. Обратно е љубов, грижа, карактер, трпение, неоткажување, истрајност, година без многу грешки и вино што се брои. Фала ви на сите пораки, се радувам што почнавте, ако не сте почнувајте утре“, напиша Костова на социјалната мрежа Инстаграм.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа