ФОТО: Кафеава мечка се појави во с. Петралица, Ранковце
Здружението на ловци Славишко Поле известува дека во близина на селото се движи кафеава мечка, вид кој е строго заштитен со закон.
„Почитувани ловци, ценети жители на Општина Ранковце, во село Петралица се појави кафеава мечка! Ве информираме дека со закон е СТРОГО ЗАШТИТЕН вид на дивеч, трајно забранет за застрел! Ова е тревопасно животно и ви апелираме да не ја предизвикувате со било какви дејствија, таа сама ќе се повлече во шумските предели на нашите ловишта! Застрел на мечка е кривично дело за кое е предвидена казна затвор, а според казнениот ценовник од законот за дивечот и ловството, казната е 5000 евра“, стои во соопштението на здружението.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа