ФОТО: Град со големина на орев направи пустош во БиХ - Силно невреме денеска во Македонија
Силно невреме проследено со пороен дожд, град, силен ветер и грмотевици, вчера направи пустош во Босна.
Најтешко погоден е градот Прњавор и околината, каде според сведоштвата на локалните жители, наместа паѓал град со големина на орев.
Невремето, според локалните медиуми, предизвикало голема штета на земјоделските површини и на овоштарските насади во регионот.
УХМР најави силно невреме за денеска и во Македонија. Времето денеска ќе биде променливо облачно и нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Наместа процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен пороен дожд, грмежи, силен ветер и изолирана појава на град. Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 13, а максималната ќе достигне од 21 до 29 степени.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа