Фирма во Тетово продавала фалсификувана роба, но не им успеало

 


СВР Тетово поднесе кривична пријава против правно лице од Тетово и против сопственикот и управител Ф.М.(34) од Тетово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „повреда на права од индустриска сопственост и неовластено употреба на туѓа фирма“, додека второпријавениот поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „повреда на права од индустриска сопственост и неовластено употреба на туѓа фирма“.

На 21.01.2025, при контрола во правниот субјект, бил затекнат второпријавениот Ф.М. и констатирано е дека се врши продажба на текстилна роба, односно трговски марки кои подлежат на заштита на трговска марка, а за кои истиот не поседувал соодветна дозвола.

18.02.2025 - 16:13

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега