Филипче: Се најавува затворање на истрагата за Кочани без обвинение за ниеден актуелен функционер

 

Во емисијата 360 степени, претседателот на СДСМ Венко Филипче го осуди начинот на кој се води истрагата за трагедијата во Кочани и го предупреди институционалниот молк околу одговорноста.

„Ситуацијата во Кочани е многу сериозна. Револтот на родителите е огромен. Тие имаат сериозна забелешка за тоа како се води истрагата. Еве се најавува затворање на истрагата – ниту еден од актуелните функционери во МВР не е повикан“, рече Филипче.

Тој праша зошто нема одговорност во редовите на полицијата и политичарите: „Каде е тој што беше одговорен од МВР во Кочани, во Штип? Дали ќе го повикаат пратеникот Лефков? Никаде ги нема“, истакна тој.

Филипче нагласи дека семејствата бараат правда, а државата се обидува да ја затвори темата: „Семејствата на загинатите правда бараат луѓето. Немојте да мислите дека овој пристап на владата со којшто проблемот сака да го стави по страна дека ќе им успее“, рече Филипче.

Тој додаде дека СДСМ ќе продолжи да се бори низ сите достапни институционални механизми: „Ние немаме друг механизам освен да се бориме со официјалните механизми моментално во Собранието“, заклучи Филипче.

27.05.2025 - 10:02

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега