Филип Шофилд ѝ порача на војвотката од Сасекс да замолчи
ТВ-водителот Филип Шофилд се најде на удар на корисниците на „Твитер“ откога во етер ѝ порача на војвотката од Сасекс да си ја затвори устата.
Филип Шофилд, водител на британската утринска eмисија This Morning, распали по војводата и војвотката од Сасекс во реакција на тврдењата дека членовите на кралското семејство сè уште не разговарале со војвотката од Сасекс по фамозното интервју кај Опра.
А во врска со тврдењата дека двајцата браќа имале непродуктивен разговор, ТВ-водителот му порача на парот, особено на Меган, дека е крајно време да запре.
„Го кажа својот став, сега затвори си ја устата и продолжи со твојот тивок американски живот“, рече тој обраќајќи ѝ се на војвотката од Сасекс
Филип (58) го обвини парот за „прободување нож низ срцето на монархијата“.
„Ѝ го прободевте срцето на монархијата и треба да престанете“, додаде тој.
Гледачите на емисијата беа поделени во врска со коментарите на Филип, а некои твитерџии го обвинија дека е драматичен.
„Забодевте нож во срцето на монархијата?! Ова е премногу драматично, Фил“, напиша еден корисник на „Твитер“.
Друг додаде: Гледам дека This Morning и понатаму е интензивно токсична емисија со домаќин што удира тапани за бригадата „Ние ја мразиме Меган“ заедно со неговите две Зум-навивачки.
Макфакс
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа