Ер-трактори и хеликоптери го гаснат пожарот кај националниот парк „Јасен“
Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), Стојанче Ангелов, соопшти дека вчера попладне избувнал шумски пожар на подрачјето на ЈП „Ловиште Јасен“.
„Вчера попладне изби шумски пожар на територијата на ЈП ловиште Јасен околу неколку километри после капијата за влез од скопската страна (т.н. “капија Кула”).
На местото на пожарот веднаш се упатија вработените од Јасен кои дејствуваа врз пожарот од земја на исклучително тежок терен. Набргу потоа со дејство врз пожарот започнаа два ер трактори на Дирекцијата за заштита и спасување а подоцна на нив се придружија и два полициски хеликолтери.
Пред стемнување пожарот најпрво беше ставен под целосна контрола а потоа и целосно изгаснат без знаци на горење. Од стрна на вработените од Јасен беше извршена контрола на изгаснатата линија на пожарот и никаде не беа забележани знаци на горење.
Во текот на ноќта пожарот повторно се реактивирал поради што рано наутро екипите на Јасен повторно излегоа на терен и почнаа со гаснење на местата каде тоа беше возможно од земја. Како подршка веднаш се упатени два полициски хеликоптери кои со извонредно прецизно дејство помагаат за совладување на овој шумски пожар. Нешто подоцна со дејство започнаа и два ер трактори на ДЗС.
И покрај исклучително тешкиот терен, се прават напори пожарот да биде ставен под контрола во текот на денешниот ден.
Теренските услови не дозволуваат употреба на специјалните возила на ДЗС“, информира Ангелов.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа