Џесика Симпсон и фудбалерот Ерик се разведуваат по 10 години брак

 

По шпекулациите кои прво се проширија низ Холивуд, а потоа и во светот, дека пејачката Џесика Симпсон се разведува од сопругот Ерик Џонсон по една деценија брак, сега пристигна потврдата во форма на признание и сите сомнежи се расчистени. Музичката ѕвезда и НФЛ играч ставаат крај на бракот во кој добија три деца.

Џесика Симпсон, 44-годишната пејачка и актерка и нејзиниот сопруг, поранешен НФЛ играч кој е една година постар, се разведуваат по 10 години брак, потврди холивудската ѕвезда ексклузивно за „Пипл“, откривајќи како таа и нејзиниот децата се чувствуваат во сегашните околности.

-Ерик и јас живееме одвоено додека се движиме во овој болен период во нашиот брак. Нашите деца се наш приоритет и ние сме фокусирани на она што е најдобро за нив. Благодарни сме за сета љубов и поддршка што ни ја покажавте, но ве молиме за приватност додека го решиме ова како семејство, изјави Симпсон за гореспоменатиот медиум.

Ерик Џонсон беше забележан без бурмата во ноември, отприлика во истиот период кога славната пејачка навести за нејзиното „враќање“ на музиката преку мистериозна објава на Инстаграм, која се состоеше од фотографии од музичкото студио.По шпекулациите кои прво се проширија низ Холивуд, а потоа и во светот, дека пејачката Џесика Симпсон се разведува од сопругот Ерик Џонсон по една деценија брак, сега пристигна потврдата во форма на признание и сите сомнежи се расчистени. Музичката ѕвезда и НФЛ играч ставаат крај на бракот во кој добија три деца.

Џесика Симпсон, 44-годишната пејачка и актерка и нејзиниот сопруг, поранешен НФЛ играч кој е една година постар, се разведуваат по 10 години брак, потврди холивудската ѕвезда ексклузивно за „Пипл“, откривајќи како таа и нејзиниот децата се чувствуваат во сегашните околности.

-Ерик и јас живееме одвоено додека се движиме во овој болен период во нашиот брак. Нашите деца се наш приоритет и ние сме фокусирани на она што е најдобро за нив. Благодарни сме за сета љубов и поддршка што ни ја покажавте, но ве молиме за приватност додека го решиме ова како семејство, изјави Симпсон за гореспоменатиот медиум.

Ерик Џонсон беше забележан без бурмата во ноември, отприлика во истиот период кога славната пејачка навести за нејзиното „враќање“ на музиката преку мистериозна објава на Инстаграм, која се состоеше од фотографии од музичкото студио.

-Разговори во мојата музичка соба во Нешвил каде ја открив мојата уникатна магија“, напиша таа и додаде: „Ова враќање е лично. Тоа е извинување за се што не заслужив, напиша Џесика во описот на објавата.

Извор близок до двојката изјави тогаш за People дека пејачката и нејзиниот сопруг „ги живеат своите животи многу поинаку“.

Инаку, Џесика Симпсон и Ерик Џонсон се венчаа во јули 2014 година по четири години врска и имаат три деца: ќерките Максвел Макси Дру (12) и Бирди Меј (5), како и синот Ејс Кнут (11).

Двојката се запозна преку заеднички пријател во 2010 година, а се вери во ноември истата година, по само шест месеци врска, а се венчаа дури откако ги добија првите две деца, кои ги носеа нивните венчални прстени и фрлаа цвеќиња на церемонијата пред од повеќе од 250 гости во Монтесито, Калифорнија.

И се чинеше дека навистина ќе биде засекогаш и дека разводот е невозможен исход – барем таков впечаток оставаше Џесика Симпсон до минатата година.

-Вистинската љубов никогаш нема да ве натера да се сомневате во себе или во она што е реално. Благодарение на мојата неверојатна сродна душа, можам да сакам само страсно и без страв дека ќе се повредам, изјави пејачката за People пред една година.

Инаку, Џесика Симпсон пред овој брак беше во брак со актерот Ник Лачи од 2002 до 2005 година.

14.01.2025 - 21:10

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега