Џејмс Бонд откри: Нема да им го оставам милионското наследство на своите деца

 

Глумецот Даниел Крег, најпознат по улогата на Џејмс Бонс во интервју за магазинот "Кендис" рекол дека на своите деца нема да им остави големо наследство бидејќи смета дека тоа не е во ред.

Крег заработувал милиони долари од франшизата "Џејмс Бонд", а неодамна е потврдено дека ќе глуми и во идните филмови "Knives Out" кои Нетфликс ги откупи во рамките на повеќемилионскиот договор потпишан на почетокот од годината.

Глумецот има 3 годишна ќерка и посинок со својата сегашна сопруга, оскаровката Рејчел Вајс како и поголема ќерка Ела, од поранешната сопруга, Фиона Лудон.

Крег рекол дека не планира да им остави богатство на своите деца, туку да им го подари на други, на пример како што направил индустријалецот Ендру Карнеги.

"Зарем не постои стара изрека која вели - ако умреш како богат човек, не си успеал?", рекол тој за магазинот "Кендис" и додал: "Мислам дека Ендру го подели она што во денешни пари би биле 11 милијарди долари, што покажува колку богат човек бил, бидејќи се обложувам дека и тој задржал дел од парите".

Ѕвездата од филмовите "Џејмс Бонд" рекол дека концептот за оставање наследство му е бизарен и смета дека подобро би било да се "ослободите или да го подарите пред да си заминете".

 

18.08.2021 - 22:16

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега