Две скопски општини без струја - Проверете дали сте меѓу нив
Поради технички зафати во дистрибутивната електромрежа, денеска без електрична енергија ќе останат дел од корисниците од Општина Аеродром и Карпош, соопшти РЦУК - Скопје.
Во периодот од 09:00 до 11:00 часот без струја ќе останат корисниците од Горно Лисиче во делот од „биолеб“ до половни Автоделови „VOLKSWAGEN АЛЕК“ во Општина Аеродром.
Во периодот од 09:30 до 12:30 часот без електрична енергија ќе бидат корисниците од улицата „Козле“ од бр.135 до бр.170 во Општина Карпош.
08.04.2025 - 07:56
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа