Двајца патници ја преживеаја авионската несреќа во Индија

 


Според засега непотврдени информации, две лица ја преживеале несреќата на Боинг 787 Дримлајнер, кој се урна кратко по полетувањето во индиската држава Гуџарат порано денес.

Авионот на летот број 171 со 242 патници и членови на екипажот летал кон Гетвик (Лондон), кога се урна под нејасни околности.

Авионот удрил во болница во Ахмедабад, по што избувнал пожар.

Според индиските медиуми, еден од преживеаните е 38-годишен маж кој седел на седиштето број 11А. Тој е идентификуван како Рамеш Вишваскумур. Според неофицијални извештаи, тој рекол дека скокнал од авионот откако ја отворил вратата за итни случаи.

Вториот преживеан наводно е повреден во несреќата и е однесен во болница каде што е на лекување, соопштија извори блиски до полицијата.

12.06.2025 - 16:42

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега