Двајца кумановци палеле кабли на дива депонија помеѓу Кадино и Миладиновци: Полицијата ги фати на лице место
Две лица од Куманово се приведени попладнево откако полициски службеници „живи“ ги фатиле како подметнуваат пожар помеѓу скопските села Кадино и Миладиновци.
Како што соопшти МВР, двете лица на возраст од 39 и 31 година палеле каблина дива депонија во близина на сува трева.
-На 10.07.2025 во 15:30 часот, при вршење на патрола на патот помеѓу Кадино и Миладиновци од страна на полициски службеници од Единица за интервентна полиција при СВР Скопје е забележан црн дим (чад), при што затекнати се две лица кои имаа запалено кабли во близина на сува трева и ѓубре (дива депонија). Со брза реакција пожарот е спречен да се прошири и истиот е изгаснат. Утврдено е дека станува збор за лицето И.Б.(39) од Куманово и А.Б.(31). Лицата се лишени од слобода во Полициска станица Гази Баба и ќе биде известен Јавен обвинител за поднесување на соодветна пријава, велат од МВР.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа