Два земјотреси ја погодија Македонија
Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, одржувана од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, регистрираше два земјотреса рано утринава со епицентри во подрачјето Пештани–Охрид–Струга.
Првиот земјотрес е забележан во 5 часот и 7 минути со локална магнитуда од ML3.4 според Рихтеровата скала, а вториот девет минути подоцна, во 5:16 часот, со магнитуда од ML2.3. Епицентарите се наоѓаат на околу 100 километри југозападно од Скопје.
Според досегашните податоци на опсерваторијата, првиот земјотрес бил почувствуван во Охрид, Струга и нивната околина со интензитет од IV степени според Европската макросеизмичка скала. За среќа, нема информации за причинета материјална штета или повредени лица.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа