Два Ер-трактори го гаснат пожарот кај Преспа

 

Два ер-трактори претпладнево го гаснеа пожарот кој избувна во атарот на преспанските села Езерани, Волкодери и Покрвеник.
Од секторот за односи со јавност на Општина Ресен, за МИА попладнево потврдија дека побарана е помош за дополнително дејствување на ер-трактор и гаснење на огнот кој не е локализиран.

-Оштетени се повеќе површини, а опасноста го демне и националниот парк Езерани, кој како што е познато, претставува заштитено подрачје. На терен се ресенските пожарникари, ние од локалната самоуправа, ренџери од националниот парк и локалното население кое помага, потврдија од Општина Ресен.

Со пожарот зафатени се трска, шума и јаболкови насади во преспанските села Езерани, Воккодери и Покрвеник, а опасноста да биде зафатен Националниот парк „Галичица“ не е исклучена.

21.07.2025 - 15:44

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега