Два активни пожари

 

Центарот за управување со кризи информира дека денеска низ државата биле регистрирани седум пожари на отворен простор. Од нив, три се изгаснати, два се под контрола, а два сè уште се активни.

Активни пожари има во општина Долнени, во селото Долгаец, каде што гори мешана шума, и на влезот во Крушево, на депонија.

Под контрола се пожарите кај Јасен и на планината Кожуф, каде што гори висока шума.

Изгаснати се пожарите во село Судик, општина Штип, каде што гореше стрниште, во село Елевци, општина Дебар, каде беше зафатена ниска вегетација, и во населбата Гоце Делчев во Куманово, каде гореше ниска вегетација.

Надлежните апелираат за внимателност и одговорно однесување со огнот за да се спречат нови пожари.

25.08.2025 - 14:15

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега