ДУИ: Српската банка навлегува во сржта на финансискиот систем на Македонија

Конкретно, Комисијата за хартии од вредност на Република Северна Македонија, на својата 65-та седница, предводена од претседателката г-ѓа Бујаре Абази, кадар на ВРЕДИ, даде дозвола на „АЛТА Банка“ АД Белград да поднесе официјална понуда за преземање на „Стопанска Банка“ АД Битола, велат од ДУИ.
ДУИ отвора сериозни прашања и бара целосна транспарентност:
• Дали во февруари 2025 година, во кабинетот на градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски, во присуство на вицепремиерот Стоилковиќ, се одржал состанок меѓу Изет Меџити и Александар Вулин, на кој било разговарано и координирано ова крупно српско инвестирање?
• Доколку таков состанок се одржал, која била неговата цел и како е поврзан со одлуките за давање дозвола на „АЛТА Банка“ од институциите предводени од ВРЕДИ?
„Овој случај покажува јасна манипулација: додека за отворање банки со албански капитал постојат огромни пречки, банките со сомнителен српски капитал немаат никакви проблеми да влезат на пазарот, дури добиваат и брзо одобрување од институциите.
Потсетуваме дека Европската централна банка во 2024 година изрази сериозни сомнежи за можноста од перење пари преку обидот на „АЛТА Pay“, српска компанија предводена од Давор Маќура, да ја преземе „Addiko Bank“ во Австрија. Во овој контекст, одобрувањето на „АЛТА Банка“ во Македонија отвора сериозни прашања за стандардите на транспарентност и финансиска безбедност.
ДУИ бара јасни и итни одговори од градоначалникот на Куманово Максим Димитриевски, вицепремиерот Стоилковиќ и Изет Меџити, со цел јавноста да биде информирана за мотивите, содржината и последиците од ваков состанок, и да се обезбеди дека стратешките и финансиските интереси на државата нема да бидат жртвувани во корист на интересите на „српскиот свет“.
Ова не е само економско прашање; преку банкарскиот сектор и олеснувањата дадени на банките со српски капитал, се прави обид да се воспостави директно влијание на „српскиот свет“ во Северна Македонија. Овој феномен не го загрозува само економскиот и финансискиот систем, туку и политичките текови, создавајќи простор за стратешки и институционални одлуки во корист на туѓи интереси, на сметка на националните интереси и интересите на Албанците и сите граѓани на државата“, стои во соопштението од ДУИ.
12.09.2025 - 12:47
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа