ДУИ: Ако целта на Мицкоски е уривање на Охридскиот договор, која е алтернативата?

 

Премиерот Мицкоски, со своето однесување, изјави и постапки, постапува на начин кој ги поткопува стандардите и одговорноста што се очекуваат од еден државен лидер. Ова денеска го велат ДУИ преку соопштение за јавноста.

- Однесување што можеби би му се толерирало на претседател на партиска општинска организација, но никако на премиер на мултиетничка држава. Тој урива сè што е градено со труд и посветеност со години – меѓуетничките односи, довербата меѓу граѓаните, лојалноста и чувството на заедништво во оваа држава. Со напаѓање на клучните столбови на Охридскиот мировен договор – јазикот, балансерот, правичната застапеност, легитимитетот и Инспекторатот за употреба на јазиците – тој го доведува во прашање унитарниот и интегративен карактер на државата, велат тие и прашуваат: 

Ако целта е уривање на Охридскиот договор – која е алтернативата?

Зашто во политиката нема вакуум. Ако толку жестоко се спротивставувате на договорот што донесе мир, интеграција, децентрализација и зачувување на унитарноста, тогаш мора отворено да кажете што нудите на негово место?

Велат ако има намерна промена на државниот курс, тогаш време е за отворена и искрена дебата за тоа која е алтернативата на Охридскиот договор. 

25.04.2025 - 09:12

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега