Дрисла се уште гори

Вкупно 29 пожари на отворен простор се евидентирани низ држававав утрово до седум часот, соопшти Центарот за управување со кризи.
Активни пожари има на депонијата Дрисла во општина Студеничани, кај село Никуштак во општина Липково, село Булачани во општина Гази Баба и кај село Татеши и населбата Еленкамен во општина Струга.
Под контрола се пожарите во општините Берово и Струмица. Кај село Русиново, опожарени се дабова, букова шума и папрат. Во село Куклиш опожарена е депонија.
10.09.2025 - 10:45
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа








