Дома си одгледувал стебла канабис - заврши зад решетки
На 16.09.2025 околу 12:30 часот во с.Ајватовци, скопско, полициски службеници Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишија од слобода Д.С.(47) од с.Ајватовци поради сомнение за сторено кривично дело по член 215 од Кривичниот законик. Имено, по претходно добиени оперативни сознанија, полициските службеници го затекнаа лицето во близина на полуотворена фолија за одгледување на растенија во која се гледаа насадени повеке стебла од канабис.
Местото беше обезбедено и подоцна, со судска наредба, полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје извршија претрес, при што пронајдоа и одземаа повеќе стебла од растението канабис. Д.С. е задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа