Дилер фатен на дело: Полицијата спречи продажба на дрога на малолетник во Кавадарци

 


Синоќа во 20:30 и 23:10 часот во градот, полициски службеници од ОВР - Кавадарци ги лишиле од слобода кавадарчанецот З.Ч.(42) и еден малолетник. На улица „Тиквешко востание“, полициски службеници го затекнале З.Ч. во моментот кога на малолетникот му продава зелена растителна материја, што подоцна била пронајдена кај малолетникот. Потоа, со судска наредба, бил извршен претрес во домот на З.Ч., при што биле пронајдени и одземени зелена растителна материја, кафена цврста материја, 231 семки од зелена тревкаста материја и дробилка, појаснија од СВР - Велес. 

Со малолетникот бил извршен разговор во присуство на родител и адвокат, а за настанот бил известен јавен обвинител. По документирање на настанот, против двајцата ќе бидат поднесени соодветни пријави. 

13.02.2025 - 15:28

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега