Касами: Не само грбот, и химната треба да се смени

 


Градоначалникот на Тетово и коалициски партнер на ВМРО-ДПМНЕ Билал Касами, изјави дека и тој смета дека треба да се промени грбот.

Но тој смета дека промената на грбот треба да влезе во поширок пакет на промени на Уставот.

„Спремни сме да зборуваме за предлог каде секако ќе се разгледува грбот, прашањето за химната, но и прашањето за други уставни измени поврзани со унапредувањето на албанските права или прашањето за несоодветното дефинирање на албанскиот јазик во Уставот, како јазик на 20 отсто“, вели Касами.

13.02.2025 - 16:54

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега