Страшна несреќа во Скопје: Прегазено 13-годишно девојче, возачот избегал
Вчера во 14.40 часот во СВР Скопје е пријавено дека на 19.05.2025 околу 09 часот на сервисна улица која ги поврзува регионален пат Скопје-ХЕЦ Козјак и с.Батинци, скопско, патничко возило удрило во малолетничка од с.Црн Врв, скопско, по што возачот со возилото го напуштил местото.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила 13-годишната малолетничка, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ Скопје.
Извршен бил увид од увидна екипа на СВР Скопје.
22.05.2025 - 14:54
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа