Детали за земјотресот почувствуван во Македонија
Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани ширум нашата територија, одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, денес 24 јануари 2025 година во 14 часот и 39 минути регистрираше земјотрес чиј епицентар се наоѓа 173 km западно од Скопје, во Република Албанија, со Рихтерова локална магнитуда ML4.1.
Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, земјотресот е почувствуван во северозападнитеделови на Републиката со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа