Денеска температури до 33 степени, викендов нестабилно со грмежи и дожд

 


Времето денеска претпладне ќе биде променливо облачно, а попладне ќе биде сончево со умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 11 до 19, а максималната ќе достигне од 26 до 33 степени.

Во Скопје ќе биде сончево со умерена облачност и со слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 17, а максималната ќе достигне до 32 степена.

Како што информира Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), в сабота во југоисточните делови ќе има услови за изолирана појава на краткотраен дожд и ретки грмежи. В недела повторно на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, наместа со поинтензивни процеси во форма на невреме. Локален дожд ќе има и в понеделник претпладне, а потоа ќе настапи стабилизирање на времето.

12.09.2025 - 08:52

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега