Данска воведува задолжителна воена служба за жени

 


Данскиот парламент синоќа едногласно изгласа задолжителна воена служба за жените, изедначувајќи ги со мажите. Од сега па натаму, сите 18-годишни дански државјанки ќе служат 11 месеци војска, исто како и младите мажи. Оваа мерка, која може да стапи на сила веќе следниот месец, доаѓа како одговор на актуелната безбедносна состојба.

Министерот за одбрана, Лунд Поулсен, изјави дека вооружените сили мора да привлечат повеќе регрути. Со оваа промена, Данска очекува годишно да регрутира 7.500 лица, со цел полесно да го пополни активниот состав на армијата, кој во моментов брои 24.000 војници. Досега, жените можеа доброволно да служат војска, но само четири месеци.

12.06.2025 - 10:36

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега