„Да, виновен сум“: Васил Јованов призна вина за смртта на Фросина Кулакова

 


Обвинетиот Васил Јованов (21) кој ја усмрти Фросина Кулакова на „Партизанска“, на денешното судско рочиште призна вина.

 -Ќе се произнесам за вина, но сакам да изразам најдлабоко сочувство за тоа што го сторив. Не сум можел ниту да помислам нешто такво, рече обвинетиот.


- Да, судија виновен сум! - призна вина Јованов. 

Според обвинението, на 29 јануари годинава, Васил Јованов, без возачка дозвола и под дејство на алкохол, управувал возило со брзина од 91 километар на час на булеварот „Партизански одреди“ во Скопје. На пешачки премин, на црвено светло, удрил во Фросина Кулакова, која поминувала на зелено светло за пешаци.

Од силата на ударот, Фросина се здобила со тешки телесни повреди и починала на лице место.

09.05.2025 - 11:58

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега