Богојевски во Полска: Договерени билатерални соработки

 

Директорот на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, Петар Богојески, учествува на состанокот на директорите на Националните агенции од земјите членки на Европската унија, партнерски земји како Швајцарија, и земји апликанти, меѓу кои и Македонија, Србија и Турција. Средбата се одржува во Полска, како земја претседавач со Советот на Европската унија.

Како што денеска соопштија од Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, оваа работна средба има за цел преземање на надлежностите, поставување на заеднички приоритети и координација на активностите во рамки на европските образовни програми.

- Македонија се претставува како активен партнер, подготвен да придонесе кон зајакнување на заедничката европска образовна мрежа. За време на работните средби беа договерени билатерални соработки со национални агенции од: Грција, Шпанија, Португалија, Италија, Швајцарија, Лихтенштајн, Австрија и Хрватска. Нашата мисија е да обезбедиме реални резултати за учениците, студентите, наставниците, младите и претприемачите во Македонија, се наведува во соопштението.

Агенцијата, се додава, продолжува со процесот на реформирање во ефикасен сервис на граѓаните, со фокус на поддршка и обука за апликанти, развивање на билатерални партнерства, како и пристап до програмата КА3, која нуди можности за инвестиции и развој.

- Со соодветна подготовка, македонските институции и организации можат да искористат значителни средства кои се достапни преку европските фондови. Дополнително, се воспоставува систем за мерење на ефектот од проектите по нивната реализација – со цел да се обезбеди вистинска додадена вредност за заедницата. Со овие активности, Македонија ја зацврстува својата позиција во европското образовно семејство и придонесува кон неговиот понатамошен развој, се подвлекува во соопштението од Национална агенција за европски образовни програми и мобилност.

15.05.2025 - 09:32

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега