Блесна светиот крст во дворот на црквата „Св. 40 маченици“

 


Православниот храм „Свети 40 Маченици во Севастеја“ се наоѓа на живописната обала на Смилковското Езеро, на локацијата позната меѓу мештаните како Кршиколе, односно Крст. Овој свет објект е сместен во близина на скопската заобиколница, во рамки на Општина Гази Баба, и претставува место за молитва, тишина и сеќавање.

Црквата е подигната како вечен спомен на петте млади животи кои трагично згаснаа во настанот кај Смилковско Езеро, а нејзината изградба претставува симбол на надеж, солидарност и духовна поддршка за нивните семејства и за целото општество.

 

Во рамки на дворот на црквата, Општина Гази Баба, во соработка со општествено одговорна компанија, изгради и постави свет крст – силен верски и културен симбол кој го надополнува светото значење на овој простор.

15.04.2025 - 18:52

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега