Бјелогрлиќ пуштен од Полициска станица - објавено видео од нападот
Актерот Драган Бјелогрлиќ е пуштен од Полициската станица во Ниш по приведувањето поради насилно однесување.
Познатиот актер бил повикан во полиција под сомнение дека утрово околу 4 часот во хотелот Амбасадор го нападнал режисерот Предраг Гага Антонијевиќ и го удрил неколку пати по главата.
„Утре е сослушувањето на Бјелогрлиќ и сведоците, така што ќе се знаат повеќе детали“, рече адвокатот на Бјелогрлиќ, Милан Петровиќ, пренесува Блиц.
На прашањето како се чувствува Драган, адвокатот Петровиќ рече: „Добро“, а на прашањето дали ја презентирал својата одбрана, адвокатот изјавил: „Не, не“.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа