Битиќи: Страшно е што јавниот долг ќе достигне 70.8 посто, најголем досега во историјата

 

Јавниот долг во декември 2023 година беше 58,6 посто, за да сега на 31 декември, ќе имаме 66 посто јавен долг, а ако на тоа ги додадеме неизмерените обврски од единците за локална самоуправа, доаѓаме на јавен долг од 70,8 посто. Еве, држете ме за збор и на 15 јануари ќе зборуваме дали е тоа така или не. Никогаш во историјата на Македонија не сме имале толкав јавен долг. И тоа е страшно, за државата, рече пратеникот на СДСМ, Фатмир Битиќи, на денешната Комисија за финансирање на буџет.

“ Треба да видиме како ќе се справиме со тоа. Затоа и во фискалната стратегија ова го нема, а ви укажавме. Но, кога ќе ги прочитаме бројките, ако отидете во документот кој е направен од парламентарната буџетска канцеларија на страна 36, во стоки и услуги, стои дека за цели 15 посто во споредба со ребалансот, се зголемуваат материјали и ситен инвентар. Тоа се 757 милиони денари. Во договорни услуги, 4,9 милијарди се зголемуваат договорните услуги. Па, тоа е 80 и нешто милиони евра договорни услуги“, рече Битиќи.

14.11.2024 - 18:05

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега