БГНЕС: Божиновска се уште е бугарски државјанин

Mакедонската министерка за енергетика Божиновска се уште е бугарски државјанин, објави БГНЕС.

Според информации од извори на агенцијата БГНЕС во Министерството за правда, кои сакале да останат анонимни, на Божиновска не и е издаден указ за ослободување од бугарско државјанство.

Самата Божиновска неколку пати изјави дека поднела барање за откажување од државјанство. Таа тврди дека до денес има само македонско и чешко државјанство и нема бугарски документи.

Експерти од Министерството за правда во Софија известија дека постапката за откажување од бугарско државјанство не завршува со поднесување барање. Оттаму потсетија дека добивањето бугарско државјанство се заснова на доставени документи од бугарско потекло и лична пријава за присуство на бугарска самосвест кај кандидатот, пишува БГНЕС.

04.10.2024 - 22:17

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега