Баба Ванѓа му ја предвидела смртта на Саша Поповиќ - Во интервју откри што му рекла

 

Директорот и основач на Гранд, Саша Поповиќ, почина во 70. година од животот, по тешко и кратко боледување. Тој своевремено во едно интервју откри дека во младоста бил кај Баба Ванѓа, која му предвидела кога ќе почине.

- Имавме турнеја во Бугарија, па ги замоливме луѓето од Министерството за култура да ни овозможат да ја посетиме Баба Ванѓа. Дојде една жена и пред да одиме кај Ванѓа вечерта, ни даде шеќер и ни кажа на мене и Лепа Брена да го ставиме шеќерот во салфета под перницата. Потоа, утредента Ванѓа требаше да предвиди според него што ќе ни се случува, рече Саша во едно интервју.

Поповиќ изјави дека Ванѓа му погодила се, дека има 37. години, дека татко му починал во сообраќајка и дека од тогаш мајка му не пали свеќа за слава.

- Ми кажа на 47 или 48 години ќе станеш голем директор. Ми рече кога ќе умреш нема да страдаш, нема да е сообраќајка или оружје, ќе заспиеш и нема да се разбудиш, рекол Саша.

Инаку, директорот на Гранд почина во саботата.

03.03.2025 - 09:03

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега