Азир Алиу е предлогот на ВРЕДИ за министер за здравство

 

Предлог на ВРЕДИ за нов министер за здравство е Азир Алиу, соопштија лидерите на оваа политичка структура пред вечерашната седница на Централното претседателство на ВРЕДИ. Овој предлог деновиве ќе се дискутура со коалицискиот партнер ВМРО-ДПМНЕ.

Алиу е поранешен министер за информатичко општество и администрација (февруари 2023 – февруари 2024 г.), а по одлуката на Арбен Таравари за напуштање на актуелната влада, одлучи да остане дел од ВЛЕН. Како редовен професор и експерт во областа на компјутерските науки предава на Универзитетот на Југоисточна Европа во Тетово.

Пред состанокот, вицепремиерот Изет Меџити изјави дека ВЛЕН е комплетиран и дека делот од Алијанса на Албанците на чело со Арбен Фетаи ќе биде дел од претседателството. Воедно, Фетаи останува вицепремиер за добро владење.

Таравари избра да биде со ДУИ, нека му е со среќа, рече Меџити и најави можна соработка во вториот круг од локалните избори со ВМРО-ДПМНЕ и другите партии од владејачката коалиција.

26.05.2025 - 20:06

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега