Автобус на ЈСП прегазил пешак: има тешки повреди

 

На 28.02.2025 во 10.10 часот во СВР Скопје било пријавено дека на крстосницата од бул.„Крсте Мисирков“ и ул.„Петре Ѓорѓиев“ во Скопје автобус на ЈСП, управуван од Б.А.(50), удрил во пешакот Н.С.(70), двајцата од Скопје. 

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“. 

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

01.03.2025 - 11:06

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега