Австралија купува ракети со дострел од 1.500 километри од САД

 

 

Австралиската влада денеска најави купување на повеќе од 200 крстосувачки ракети Томахавк од САД за потребите на Кралската австралиска морнарица, за што ќе издвои околу 830 милиони американски долари.

Австралија ќе биде само една од трите земји, заедно со САД и Велика Британија, кои ќе имаат ракети со дострел од 1.500 километри.

Според австралискиот министер за одбрана Ричард Марлс, проектилите со долг дострел и другото наведувано оружје се клучни во новата ера на геополитички пресврти и ризик.

„Инвестираме во капацитетите што им се потребни на нашите одбранбени сили да ги држат нашите противници во ризик подалеку од нашите брегови и да ги чуваме Австралијците безбедни во сложениот и неизвесен свет во кој живееме денес“, рече Марлс во понеделникот.

Дополнително, владата на Канбера одобри купување на повеќе од 60 противрадарски ракети со голем дострел.

21.08.2023 - 08:56

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега