Арсовска: Хаварија во Пинтија - инспекторите се на терен
Во текот на денешниот ден во нас. Пинтија во Кисела Вода од резервоар на објект на приватна компанија за производство на стиропор изграден во внатрешноста на населеното место, се излеале хемикалии користени во производствениот процес на компанијата, напиша на ФБ градоначалничката на Град Скопје на социјалните мрежи.
На лице место се екипи на ТППЕ Скопје со цел изолирање на инцидентот како и инспекторите од град Скопје кои составија записник за хаваријата. За ваков тип на хаварија покрај паричната казна за сторителот од 45.000 евра, следи и затворање на погонот, како и налог за санирање на штетите предизвикани од инцидентот.
И покрај инспекциски извештај за извршен технички преглед на опрема под притисок каде со заклучок е нотирано дека на вентилот има знаци на протекување, правното лице Екопор не превземало мерки да го спречи настанувањето на хаваријата на која сме сведоци денес.
За овој објект кој е под надлежност на општина Кисела Вода апелираме до општината да постапи во рамки на своите надлежности, како и до ресорното Министерство со цел соодветно санкционирање на правното лице кое ја предизвика хаваријата, стои во објавата на градоначалничката.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа