Арсовска: Аценце, те чекам на ТВ дуел

 

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска преку социјалните мрежи го повика градоначалникот на Ѓорче Петров на ТВ дуел.

„Во меѓувреме да ти го разбијам интервјуто со факти: ‘Аце рекол: Ги демантирам ставовите на градоначалничката на Град Скопје за наводна изградба на хемиска фабрика на територија на општина Ѓорче Петров’ не се тоа ставови Аце туку факти, еве секој во Македонија кај тебе на веб страна може да ги види па и ти.

Аце рекол: „Ова се обиди на градоначалничката на Град Скопје да создаде хаос меѓу граѓаните“ – многу јако, јас сама, а ти против мене со целата владеачка партија од 4-тата економија во Европа со која изгласавте ДУП со хемиски фабрики.

Аце рекол: „Како да е фиксирана за општината Ѓорче Петров“ – па нели на Чаир бев фокусирана, што си се уплашил толку

Аце рекол: „Арсовска работи, инвестира на други места додека пак во Ѓорче Петров не работи ништо“ – Аце од сите нови 29 улици што ги имаш во Ѓорче, 27 ти ги направив јас!!!

Аце рекол: „Најодговорно тврдам пред целата македонска јавност дека на тој потег, ниту пак на било кој друг дел на територијата на општина Ѓорче Петров не постои локација на која што е предвидено или ќе се градат било каков тип на објекти од тешка индустрија“ – Аце многу директно ти кажав 157.000м2 објекти хемиска индустрија која е класифицирана како загадувачка

Аце рекол: „Објектот (Лафома) поседува сопствена пречистителна станица, под постојан надзор на Министерството за животна средина и сите релевантни државни органи“ – Аце нели не загадува хемиската индустрија, што тогаш пречистува фабриката и што го истура во Лепенец? Бидејќи знаеш многу за фирмата и ги застапуваш, ајде чекаме да ни кажеш??

И за сѐ ова јас имам докази, а ти соопштение што ти го напишале во штаб.

Ајде уште еднаш да те прашаме, дали ти ги праша жителите на Ѓорче Петров дали тие сакаат хемиски фабрики на 157.000 m2 и над 30 висококатници да се градат сред општината? НЕ!“, напиша Арсовска на својот Facebook профил.

11.06.2025 - 10:43

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега