Апасиев: Денес е денот Д за патните трошоци

 

На собраниска седница денеска ќе биде поставен предлог-законот на Левица за ограничување на огромните суми пари кои пратениците ги наплаќаат на име патни трошоци.

Апасиев утрово се огласи на својот профил на социјалната мрежа Фејсбук:

- Според сегашната манипулативна методологија, за секои извозени 100 km пратениците наплаќаат по околу 1.700 денари на име "ПАТНИ ТРОШОЦИ" + патарини. Ние предлагаме овој трошок да се намали на 6,5 литри гориво на поминати 100 km (што би било околу 500 денари), напиша Апасиев.

Додава дека денес е денот Д.
- Да видиме како ќе се изјаснат пратениците на пленарната седница закажана во 11:00 часот..., напиша тој.

12.02.2025 - 08:52

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега