Анализа: Зошто пожарот во „Пулс“ беше толку смртоносен?
Зошто пожарот во Пулс беше толку смртоносен и однесе 59 млади животи?
Дискотеката Пулс, која властите ја категоризираа како штала, е објект од 419 метри квадратни, барем така се води на хартија. Објект за кој досегашната истрага покажа дека работел според се друго, освен според закон. Најдлабокиот корен како причина на страотниот пожар е корупцијата.
Првенствено, фалсификувана лиценца за работа. Oрганите на прогонот информираа дека била толку добро нашминкана за да ги сокрие сите недостатоци. Што навидум и да била прикажана на испектор, кој, ако не го провери архивскиот број на истата, ќе добие зелено светло да продолжи со работа.
Кобната ноќ, откако искри од пиротехниката за која е утврдено дека била користена без дозвола, го потпалуваат покривот на дискотеката, настанува пожар. Кога огнот почнува да се проширува, настанува стампедо. 500 лица се обидуваат да пронајдат излез, а во Пулс имало само еден.
Макета Сител: Објектот на дискотеката Пулс има еден влез и излез, прозорци со решетки, но и спореден влез. Однавор гледано единечна врата, се наоѓала на задниот дел од дискотеката. Одвнатре била импровизирана, заклучена со катанаец, без квака од внатрешната страна, затворена со гипс картон. Целосно нефункционална.
Законот налага ваков објект од над 400 метри квадратни, мора да има најмалку две врати за излез, и пожелно е уште еден дополнителен за евакуација при итни ситуации.
За пожарот брзо да се прошири придонелe и несоодветните материјали од кои е изграден покривот, како и неговата висина. Внатрешноста била обложена со материјали без огноотпорни својства.
Објектот немал ниту хидрантска мрежа, ниту хидрант, ниту доволен број на противпожарни апарати. Сите обврски кои произлегуваат од елаборатот за противпожарна заштита.
До дискотеката немало можност ниту за пристап на противпожарни возила.
Меѓу приведените од вчера е и лицето кое го изработило проектот врз основа на кој кабарето Пулс аплицирало за лиценцата за работа.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа