Александра Пријовиќ е бремена по вторпат
Александра Пријовиќ ја даде првата изјава откако српските медиуми објавија дека е бремена.
„Точно е, бремена сум. Ви благодарам на честитките“, накратко изјавила за Блиц.
За потсетување, најголемата регионална фолк ѕвезда го очекува своето второ дете со сопругот Филип Живојиновиќ. Со концерт во белградска арена на 22 декември, таа ја заврши турнејата, која вклучуваше шест настапи во Загребската арена, и реши на одредено време целосно да се повлече од сцената.
13.01.2025 - 19:16
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа