Акција на МВР во Велес: Запленети кокаин и 37.000 евра во нова истрага

 


Одделот за криминалистичка полиција, Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал и СВР Велес, во координација со јавен обвинител, на подрачјето на Велес денеска спровеле заедничка и координирана истрага против лица за кои постојат информации дека се инволвирани во случајот на купопродажба на еден килограм кокаин, кој беше запленет на 29.11.2024 и за кој СВР Велес поднесе кривична пријава против три лица.  

Како дел од истрагата, соопштија од МВР, со наредби од Основен суд Велес, биле извршени претреси на повеќе локации во Велес и Велешко.

- Претреси беа извршени во куќата на А.В.(53) во Велес, во куќата. станот и викенд куќата на лицето С.С.(47) во Велес и Чашка, во куќа и плац на А.Ц.(29) во Велес и во станот на В.Л.(41) во Велес. За време на претресите биле пронајдени и одземени кокаин, околу 37000 евра, дигитална вага со остатоци од кокаин, мобилни телефони и други предмети за кои постои сомнение дека потекнуваат од кривично дело, соопштија од МВР.

Во текот на денот СВР Велес ќе поднесе кривична пријава против уште едно лице по член 215 од Кривичниот законик.

11.06.2025 - 16:20

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега