800 денари месечно за сметки: Кавадарци помага на социјално загрозените

 


Јавен повик за субвенционирање на сметки за комунални услуги на граѓани изложени во социјален ризик, објави јавното претпријатие „Комуналец" во Кавадарци, врз основа на одлука донесена од Советот на Општината. 

- Вкупниот износ на субвенцијата ќе изнесува 800 денари месечно по корисник. Од општинскиот буџет во 2025 година,  за оваа намена се планирани финансиски средства во износ од 970 илјади денари, што ќе бидат наменети за покривање на трошоци за комунални услуги за граѓани изложени во социјален ризик, информираат од претпријатието. 

Оттаму соопштуваат дека јавниот повик ќе трае до искористувањето на предвидените средства за оваа намена.

10.01.2025 - 15:06

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега