250 интелектуалци Албанци бараат Уставен да не ја укинува службената употреба на албанскиот јазик

 

250 интелектуалци и универзитетски професори од албанската заедница потпишаа Отворено писмо до Уставниот суд, во кое бараат Судот да не ја укинува службената употреба на албанскиот јазик. Меѓу потписниците се ректорите на три универзитети на албански јазик: Абдулменаф Беџети, Јусуф Зејнели и Изет Зеќири, како и Агим Винца, Агни Дика, Нури Беџети, Јетон Шасивари, Фадил Зендели и други.

Во писмото се наведува:

„Она што сме имале можност да го слушнеме од вас и од некои високи политички претставници, како на пример премиерот Мицкоски, имаме причина да се сомневаме дека можете да станете соучесници во остварување на сценарио со политички мотиви, кое го има за цел она што отворено се декларира на највисоко државно ниво…Со оглед на вашата уставна позиција која е независна и без политички влијанија, се надеваме дека нема да дозволите остварување на вакви сценарија, кои ги повредуваат чувствата на секој Албанец“.

07.12.2024 - 12:30

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега