Жител на Македонски Брод уапсен по сообраќајка: Возел со 1,76 промили алкохол
Педесет и четиригодишен жител на Македонски Брод бил лишен од слобода денеска во 3:13 часот. Како што попладнево соопшти Министерството за внатрешни работи, при преземање мерки околу претходно случена сообраќајна незгода, во која бил учесник со возило „мерцедес“ со регистарски ознаки од Македонски Брод, било констатирано дека е под дејство на алкохол, односно му биле измерени 1,76 промили алкохол во крвта.
- Тој е задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава по член 297-а од Кривичниот законик - „безобѕирно управување со моторно возило”, истакнаа од МВР.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа