Жерновски отповикан од амбасадор во Романија: Дознав од Службен Весник
Андреј Жерновски е отповикан од функциијата амбасадор во Романија. Оваа информација ја објави самиот тој на социјалните мрежи каде напиша дека за ова дознал сосема неофицијално.
„Уште не можат да ги преболат трите круга и поразот во Центар. Од објава во Службен Весник дознав дека сум отповикан од должноста амбасадор на нашата земја во Романија, без никаква претходно добиена информација, што е спротивно на основните процедури пропишани во Уставот и Законот. По 192 дена откако ме вратија на “консултации” во државата, при што брутално е погазен Законот за Надворешни работи, оваа одлука ја дознав сосема неофицијално. Очигледно, партиското резонирање повторно е посилно од законите и дипломатијата“, напиша Жерновски на социјалните мрежи.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа