Жељазков по средбата со Сиљановска: Не треба да го освојат Вавилон за да влезат во ЕУ

 

Бугарскиот премиер Росен Жељазков потврди дека во рамките на самитот во Хаг разговарал со  претседателката на Македонија, Гордана Сиљановска Давкова. Тој разговорот го оцени како многу добар.

-Имавме многу добар разговор со неа – разговаравме за човековите права, за европските вредности, дека јазикот што го користат службениците што ги претставуваат земјите треба да сади пријателство, а не омраза, рече Жељазков и додаде: Мислам дека целта на нашите пријатели од Северна Македонија не е да го освојат Вавилон и да влезат во Европската Унија, зошто тоа се случува со исполнување на критериумите за членство.

Премиерот Жељазков ја нагласи заштитата на правата на Бугарите во Република Северна Македонија и нивното вклучување во Уставот како  услов за почеток на преговорите.

25.06.2025 - 17:06

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега