Зголемен бројот на странски туристи, намален на домашните

 

Во февруари годинава во земјава се евидентирани 45 992 туристи, од кои 34.7 % биле домашни туристи, а 65.3 % странски, соопшти Државниот завод за статистика. 

Бројот на ноќевањата во февруари 2025 година изнесувал 94 981, од кои 40.0 % се од домашните туристи, а 60.0 % од странските. 

Во периодот јануари – февруари 2025, во однос на истиот период од претходната година, вкупниот број на туристите е зголемен за 4.2 %. Кај домашните туристи има намалување за  6.2 %, а кај странските зголемување за 11.1 %. 

Вкупниот број на ноќевања, пак, во периодот јануари – февруари годинава, во однос на истиот период лани, е зголемен за 5.5 % така што кај домашните туристи има намалување за 6.5 %, а кај странските зголемување за 15.9 %

11.04.2025 - 20:09

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега