Земјотрес со јачина од 5 степени регистриран во близина на Пелопонез
Земјотрес со јачина од 5 степени вечерва беше регистриран во морскиот дел северозападно од грчкиот полуостров Пелопонез, јави дописничката на МИА од Атина.
Земјотресот бил почувствуван во поширокиот регион, односно во северозападниот дел на Пелопонез, како и на островите Лефкада и Закинтос, а засега нема информации за повредени или материјална штета.
Грчкиот сеизмолог Герасимос Пападопоулос на социјалните мрежи коментираше дека конкретниот регион „има значајно сеизмичко минато“, со оглед на тоа што во 1988 година бил регистриран земјотрес од 6 степени, со епицентар во близина на денешниот земјотрес.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа