Земјотрес ја погоди Црна Гора
Земјотрес со јачина од 3,6 степени според Рихтеровата скала утрово во 8 часот и 18 минути ја погоди Црна Гора.
Епицентарот на земјотресот бил на 41 километар од Подгорица и 7 километри од Будва. Земјотресот се случил на длабочина од 10 километри, соопшти EMSC.
Засега нема информации за материјална штета.
10.01.2025 - 10:15
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа